УКИМ бара нов закон за високо образование

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје му предлага на Министерството за образование и наука во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегле измени на тековниот или предлог за нов Закон за високо образование, пренесе МИА.

Оваа одлука е донесена на денешната седница на Универзитетскиот сенат, за која ректорот на УКИМ Велимир Стојковски со допис го информира министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Ректорот Стојковски му предлага на министерот Адеми во најкус можен рок да иницира расправа со наставниците, студентите и сите релевантни чинители во процесот на високото образование, „заради сеопфатна, стручна и темелна анализа од која ќе произлезе предлог за промени, односно нов закон за високото образование“.

Извор: МИА