УЈП ќе добива податоци за граѓаните од банките за годишната даночна пријава

Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава.

Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП, како и динамиката на доставување ќе бидат утврдени со законски измени.

Ова денеска го соопшти директорката на УЈП, Сања Лукаревска која посочи дека и досега од банките добивале податоци, но во хартиена форма за даночната постапка.

Од јануари следната година, граѓаните нема да ја пополнуваат Годишната даночна пријава, туку наместо нив, тоа ќе го прави Управата и ќе му ја доставува на граѓанинот на потврда.