Угина најстариот носорог на светот стар 46 години

Најстариот црн носорог на светот угина на 46-годишна возраст во зоолошката градина во Берлин, објавија од институцијата на својата веб-страница, пренесува хрватски „Индекс“.

Килагуни, чиј заштитен знак и беше исклучително нагласениот рог, пристигна во зоолошката градина во Германија на 19 октомври 1975 години, пред речиси 45 години. Taa во текот на животот, на свет донесе пет младенчиња, придонесувајќи за зачувување на загрозените видови, соопштија од зоолошката.

Бидејќи во последните неколку години се повеќе ја мачеа проблеми со староста, таа веќе не можеше сама да станува, а зоолошката градина по темелни консултации вчера реши да ја успие.

„Одговорната грижа за животните, исто така, вклучува и поштеда од непотребно страдање, без оглед колку е тешка таа одлука“, рече директорот на зоолошката градина Андреас Книерием.

Mach’s gut, alte Dame! Wir mussten heute Abschied von Nashorndame Kilaguni (46) nehmen. Das weltweit älteste…

Posted by Zoo Berlin on Wednesday, 21 October 2020

Во дивината, црните носорози ретко живеат подолго од 30 години, наведуваат од зоолошката и додаваат дека животинскиот вид е сериозно загрозен поради ловокрадството. Рогот е посакуван трофеј кој се продава како наводно чудесен лек.

Од 2008 година, ловокрадството во јужна и источна Африка достигна невидени нивоа. Исто така погодени беа и популациите на белиот носорог и африканските слонови.

Во изминатите десет години, ловокрадците убиле повеќе од 7.000 носорози.