Учиме планинарење: Преку Водно до Хималаите со Младинска комисија ФПСМ

Младинската комисија при ФПСМ, со почеток во недела од 20 часот, ќе започне со прикажување на мини серијал кој ќе поучува како да се подготвиме за планинарење на најразлични планини.

Секоја епизода ќе има своја приказна која ќе поучува како најдобро луѓето да се подготват за секоја планина и секој врв, а мини серијалот ќе биде пригоден за сите возрасти. Епизодите ќе може да се проследат во живо на нивната „Фејсбук“ страница, но и на „Јутјуб“ каналот.

„Спремете го ранецот и чизмите и се гледаме во недела“, порачуваат од Младинската комисија.