Учиме феминизам (Феминизам за почетници) #2

По првата успешна работилница на ЛезФем за учење на феминизам, организацијата ги поканува заинтересираните да се приклучат на втората работилница насловена „Феминизам за почетници #2“.

„На оваа работилница ќе се разговара за вториот бран на феминизмот, неговите претставници и теории, бидејќи е потребно да имаме теоретска основа за она за што се бориме секојдневно. Повелете, заедно да научиме и да го зајакнеме движењето за женските права“, се вели во најавата за настанот.

Работилницата ќе се одржи во вторник во 18:00 часот во ЛГБТИ центарот за поддршка.