Училиште забранува романтични односи меѓу учениците за да спречи тинејџерска бременост

Училиштето „Golden Heritage Polytechnic College“ на Филипини наметнува политика на „чекање на вистинската љубов“, која се однесува на нивните ученици, а со цел да спречи можна тинејџерската бременост.

Колеџот им забранува на своите ученици да имаат романтична врска со лице од спротивниот пол се додека се водат како запишани во нивното училиште.

Џиновската табла поставена на влезот на кампусот ги потсетува учениците на правилата на училиштето. Истата забрана  исто така е испечатени на униформите на наставниците.

Претседателот на училиштето, Тито Дискоза вели дека единствената негова желба е учениците да завршат колеџ. Тој додава и дека е фрустриран кога некој ученик поради бременост го прекинува школувањето.

Минатата учебна година, шест ученици беа избркани од ова училиште поради кршење на забраната.