Училиште за деца со интелектуална попреченост користи поезија на Tupac

Училиште во калифорнискиот град Оукленд е инспирирано од стиховите и учењето на раперот Tupac Shakur, а во него учествува и помага неговата мајка Afeni Shakur. Училиштето дури е именувано според стих од негова поема „The Rose That Grew From Concrete“ („Розата што порасна од бетонот“). Песната е дел од поезијата на Tupac која беше собрана во збирка и се објави по неговата смрт.

Неговата поезија стана секојдневна активност во училиштето, а според вработените навистина имало ефект врз децата со интелектуална попреченост.

Причината поради која ова училиште било отворено токму во Оукленд е бидејќи градот е на петтото место по бројот на самоубиства и голем број на деца изгубиле член во семејството или биле сведок на убиство.

„Делото на Tupac се однесува на откривање на целата хуманоста на некој кој е секојдневно подложен на страдање и траума и сметам дека тоа е најуспешното нешто што го прават возрасните кај нас. Тие ја препознаваат болката и страдањето додека истовремено ја нагласуваат издржливоста и волјата да стигнат до сонцето“, вели Jeff Duncan-Andrade, долгогодишен воспитувач и еден од основачите на училиштето.