Училиште во Сиднеј ги укина домашните задачи, предизвикувајќи дебата меѓу родителите и наставниците

Одлуката да се укинат домашните во државното училиште, во предградието Леикхард, западен Сиднеј, предизвика дебата меѓу родителите за тоа дали овој метод ќе им помогне на учениците на долг рок. Директорката на училиштето Белинда Перих вели дека одлуката се спроведува веќе еден месец.

„Државното училиште Кегворт воспостави нова политика за домашни задачи по опширна и детална консултација со родители минатата година, врз основа на тековните образовни истражувања“, рече Перих.

Таа вели дека од родителите се очекува да поминуваат време во читање со своите деца.

„Поради тоа што читањето е важно за образованието на учениците, се договоривме сите родители да читаат гласно со нивните деца дома од десет до 15 минути секојдневно“, објасни таа.

Џастин Латам, чии деца го посетуваат католичкото училиште во Балмен вели дека стресот за домашните задачи ги намалил придобивките на нејзините три ќерки.

„Во средно завршив за училишна настава и не верувам дека постои каков било конзистентен однос меѓу времето поминато на домашните задачи и академските достигнувања“, смета оваа мајка. Таа додаде дека нејзините ќерки откриле дека домашните задачи им се непотребни.

„Таа откри дека Финска има најдобар образовен систем, но на децата не им даваат на домашни работи, додека не наполнат 14 години. Мојата ќерка се израдува на тоа, но иронијата е во тоа што преку домашното го откри тоа“, вели Латам.

Од државното училиште Ерскиневил соопштија дека домашните задачи за нивните деца не се задолжителни, но овозможувале дискусии со родителите.

Професорот Ричард Вокер од Универзитетот за образовна психологија во Сиднеј рече дека домашната имала некаква вредност, но никогаш не била внимателно планирана од наставниците.

„Од суштинско значење е учениците да добиваат повратни иформации за своите домашни активности“, вели Вокер. „Сепак, на учениците не треба да им се дава премногу домашни задачи и задачите што ќе им се дадат треба да ги ангажираат и да ги мотивираат“, рече тој.

Министерството за образование не потврди колку други училишта ги укинале домашните.