Училиште во Лондон функционира без технологија во наставата

Во лондонско училиште, кое се наоѓа во живописниот дел од парковите во Морден не постојат паметни телефони, нема iPad, интерактивни табели за пишување или телевизиски екрани. Исто така, родителите кои ги вклучиле нивните деца во ова училиште треба да го спроведат истиот строг режим дома, без телевизија, компјутери и филмови, дури и за време на викенди.

Училиштето е привлечно за родителите кои се загрижени за влијанието кое го имаат екраните и новата технологија врз нивните деца. Кога Guardian го посети училиштето, имало група на ученици кои заедно со својот наставник имале прошетка во природа, во дворот пак, имало роденден со торта од моркови, а во училницата за столарија имало само две деца кои работеле на своите проекти.

Учениците сами си ги изработуваат вежбанките. Во работилницата тие изработуваат закачалки за помалите деца.

Училиштето постои од 2013 година со само 43 запишани ученици до 14-годишна возраст, иако простор има за 84 деца. Меѓутоа, ова училиште можат да си го дозволат само најбогатите профитирајќи од неодамнешните контроверзии околу ефикасноста на технологијата во училиштата и поширокот влијание врз младите.

На почетокот од овој месец, глобалната студија изработена од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)  покажа дека големите инвестиции во компјутери и нова технологија во наставата не ја подобрува ефикасноста на учениците, односно честата употреба на компјутери се поврзала со пониски резултати.

Други извештаи пак, ја зголемиле загриженоста за влијанието на социјалните медиуми врз младите и однесувањето поврзано со употребата на мобилните телефони и iPad во училницата.

„Ние сме против сите форми на електронски уреди за мали деца, туку само постепено интегрирање кон нив во адолесценцијата, а тоа го вклучува и интернетот“, се вели во повелбата на училиштето.

При изборот на ова училиште, родителите и учениците се обврзуваат да го почитуваат овој став без разлика како се чувствуваат лично.