Три училишта во Тексас повторно го воведуваат ќотекот за недисциплинираните ученици.
Вработените ќе може да користат дрвена прачка за да ги тепаат непослушните ученици од четири до 18-годишна возраст.
Детето ќе добие по еден удар за секое лошо однесување, како на пример ако не ги следи правилата во училницата или ако не ги слуша наставниците.
Кога родителите ги запишуваат децата, тие ќе бидат прашани дали се согласуваат да користат телесно казнување. Ќотек ќе добијат само децата чии родители се согласиле.
„Ако на родителот не му е пријатно, тоа е крај на дискусијата“, изјави надзорничката на училиштата Мери Спрингс.
Оваа мерка ја предложи координаторот за однесување на школите Ендрју Амаро. Тој се надева дека ќе биде поефективна мерка од казна.
Тој вели дека бил тепан како ученик и смета дека тоа функционирало кај него.
„Тоа беше брз одговор за мене. Знаев дека ако сум во неволја со наставник и ако не почитував, без разлика каков беше прекршокот, знаев дека ќе добијам ќотек од директорот“, рече тој.
Само одредени вработени ќе може да ја спроведуваат мерката.
Националната Асоцијација на училишни психолози го дефинираат телесното казнување како „намерно предизвикување на болка или непријатност и/или употребата на физичка сила врз ученик со намера да предизвика телесна болка кај ученикот за да го поправи или да го казни неговото однесување“.
Во 2016 година, американскиот секретар за образование Џон Б. Кинг Џуниор упати апел до државните лидери барајќи да го забранат телесното казнување во училиштата, откако истражување покажа дека 110 000 американски ученици добиваат ќотек годишно.
„На краток рок, со тоа што се физички казнети ги прави учениците поагресивни и пркосни, што е спротивно на целта на мерката“, рече Кинг.
„На долг рок, тие ученици е многу веројатно да имаат ментални проблеми и да злоупотребуваат супстанции“, додаде тој.
Актуелниот секретар за образование Бетси Девос се уште се нема јавен став околу ова прашање.
Петнаесет американски држави, претежно јужните, дозволуваат телесно казнување. Дваесет и осум држави и округот Колумбија го забрануваат, додека седум ниту го одобруваат, ниту го забрануваат.