Училишта од Велес чекаат согласност од МОН за прием на професори

Во некои од велешките училишта недостасуваат професори по некои наставни предмети, поради што учениците губат настава, пренесува МИА.

На синоќешните први родителски средби во некои од велешките училишта, родителите реагираа поради немање професори по одделни предмети, поради што учениците се уште намаат настава по математика, биологија, етика…

Во Општина Велес појаснуваат дека причината за тоа е чекање за добивање согласности од МОН за вработување на професори по повеќе предмети.

„Според најавите од Министерството за образование и наука, очекуваме најдоцна идната недела училиштата да ги добијат согласностите за вработување на професори каде што недостасуваат“, појаснува Јадранка Стефкова од Општина Велес.

МИА