Учествувај и добиј Ipod на наградниот конкурс од Американскиот универзитет во Бугарија

Американскиот универзитет во Бугарија отвори награден конкурс за сите средношколци. Годинава темата за обработка е „Како би го отсликале искуството на либералните уметности?”.

Учествувај и доби Ipod на наградниот конкурс од Американскиот универзитет во Бугарија

„Еден од најважните моменти на АУБГ е тоа што нудиме образование во областа на либерални уметности, но ние сакаме да знаете што тоа значи за вас! Нека вашата креативност надвладее и доставете оригинална фотографија или цртеж кој ни покажува како би го дефинирале искуството на либерални уметности. Ве молиме сите ваши поднесоци да бидат оригинални“ се вели во повикот.

На наградниот конкурс од AUBG се доделуваат следните награди:

1 место –Apple Ipod Touch 16 GB
2 место –Apple Ipod Nano 16 GB
3 место –Apple Ipod Shuffle 2 GB

Повеќе детали за конкурсот на следниот линк.