Учениците денеска ќе ги добијат распоредите за екстерно тестирање

Во сите основни и средни училишта каде ќе се спроведува екстерното тестирање денеска ќе бидат објавени имињата на учениците, како и денот на кој тие ќе полагаат. Информацијата за тоа кои два предмети ќе ги полагаат, ќе ја добијат три дена пред тестирањето.

Прашањата за екстерното тестирање ќе бидат достапни вечерва по 21 часот

Од Министерството за образование и наука истакнаа дека училиштата имаат обврска овие распореди да ги постават на видно место, додека дополнително секој ден ќе се додаваат распоредите дополнети со предметот кој ќе го полагаат учениците.

Резултатите од тестирањето ќе бидат објавувани етапно, но предност при полагањето ќе имаат осмооделенците поради претстојните уписи во средните училишта што ќе се одржат на 23 јуни, односно на 18 јуни во Спортската академија.

Со екстерното тестирање ќе бидат опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование и 18.126 наставници во 680 основни и средни.