Учениците во Кавадарци на протести против екстерното оценување

Учениците од Кавадарци денеска и денеска протестираа, блокирајќи го влезот од општинскиот совет, искажувајќи го својот револт против екстерното оценување, пренесува локалната веб-страница „Мојот град“.

Учениците во Кавадарци го блокираа влезот на градското собрание

Неколку стотици ученици од основните и средните училишта во општина Кавадарци се собраа на градскиот плоштад, искажувајќи го својот револт против оваа, според нив, некоректна одлука од страна на Mинистерството за образование и наука.

Учениците во Кавадарци го блокираа влезот на градското собрание

Се извикуваа пароли со наслов “Стоп за екстерно тестирање”, “Не сакаме екстерно тестирање” како и “Излези Цано”. После протестот, дел од учениците заминале на разговор кај градоначалникот Александар Панов за да дискутираат за настанатата ситуација.

Учениците во Кавадарци го блокираа влезот на градското собрание

Околу 500 средношколци од тетовските училишта вчера одржаа протести во центарот на градот, на кој побараа укинување на екстерното тестирање а протести се најавени и во другите градови. Според учениците, ваквиот вид тестирање, замислено како контрола на оценувањето во текот на годината им предизвикува дополнителен стрес, и не ја гледаат потребата од екстерното тестирање.

Против екстерното оценување се и наставниците, кои иако најавија протести, се пишманија и решија да преговараат со министерството за образование за решавање на проблематичните делови од процесот на екстерно оценување.

Eкстерното оценување ќе биде спроведено од 27 мај до 10 јуни. Учениците ќе полагаат по два предмета кои ќе бидат избрани по случаен избор, а за тоа кои предмети ќе ги полагаат, учениците ќе бидат информирани седум дена пред почетокот на тестирањето.