Учениците на зимски распуст

Околу 280.000 основци и средношколци од денеска се на зимски распуст и во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари.

Учениците на зимски распуст

Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24 јануари, а предметите ќе им бидат познати на 19 јануари.

Тестирањето ќе биде според нов пристап кој според министерството за образование и наука треба да им го олесни испитот на учениците, зашто е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.

За останатите ученици – од трето одделение до трета година средно – екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.

Министерот Спиро Ристовски вчера на прес-конференција најави дека во 2014 година буџетот во овој ресор ќе биде една милијарда повеќе од 2013-та, односно 22,4 милијарди денари.