Учениците Албанци ја бојкотираат наставата во „Марија Кири Склодовска“

Учениците албанци од средното училиште „Марија Кири Склодовска“ ја бојкотираат учебната година и не одат на училиште.

Учениците Албанци ја бојкотираат наставата во Марија Кири Склодовска

Родителите на учениците поставиле низа барања до училиштето и се заканиле дека нема да ги пуштат своите деца доколку не им бидат исполнети, објави телевизија Телма.

Едно од главните барања е учениците да имаат наставници по сите предмети кои ќе се одвиваат на нивниот мајчин јазик. Тие исто така побарале во комисиите и училишните одбори да бидат ангажирани вработени од албанскиот етникум и инсистираат психологот, педагогот и заменик директорот да бидат од оваа заедница, а таблата на училиштето да биде двојазична.

Според директорот Павле Павлов, дел од проблемите може да се надминат, но надлежните институции треба да одобрат средства, а притоа и кадарот кој ќе се вработи треба да има завршено соодветно образование.

Во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ од вкупно 42 одделенија, 16 се со ученици Албанци кои веќе цела недела не одат на училиште.

Извор: Телма