Учениците се враќаат во училишните клупи по зимскиот распуст

Учениците кои беа на распуст од 30 декември 2015 година, денеска се враќаат во училишните клупи.

За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта денеска е прв училишен ден во второто полугодие од учебната 2015/2016 година. Распустот за сите ученици годинава започна еден ден порано бидејќи секоја учебна година треба да има 180 работни денови, а овој февруари, бидејќи 2016 е престапна година, има 29 дена.

Во Тетово пак, поради енормното загадување на воздухот. властите донесоа одлука да се прекине наставата во градинките, основните и во средните училишта три дена порано. Одлуката беше донесена по бојкот и протест на учениците поради екстремното аерозагадување во Тетово.