Учениците од „Јахја Кемал“ се вратија со 15 медали од натпревар во САД

Учениците од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ се вратија со 26 награди, од кои 15 медали 11 пофалници, од Светска олимпијада во Њујорк, САД.

Државниот универзитет „Освего“ традиционално ја организира меѓународната олимпијада за генијалци, во пет различни научни дисциплини, визуелни уметности, бизнис, креативно пишување и роботика.

На натпреварот кој се одржуваше под мотото „Ајде да изградиме подобра иднина заедно“, учествувале 1.657 проекти од 70 различни земји.

„Јахја Кемал“ учествуваа со 26 проекти и 37 ученици, освојувајќи 2 златни, 6 сребрени, 7 бронзени и 11 пофалници.

Златни медали освоија Талиа Кастрати и Халиме Адеми, во категорија краток филм.

Сребрени медали добија Валерија Илиевска, Анастасија Тренкоска, Љубица Филипова,Трајче Бојаџиев, Рилјета Јонузи, Емел Абуш, во категорија наука.

Добитници на бронзени медали се Дарио Тасески во категорија уметност, Бојана Маројевиќ, Марија Стојчева, Бојана Стефаноска, Михаела Хаџиска, Ангела Петреска и Стефан Дамчески, во категорија наука.