Учениците на зимски распуст

Од денеска започнува зимскиот распуст за учениците во основните и во средните училишта. Наставата треба да продолжи на 21 јануари, четврток, 2016 година.

Распустот годинава започнува еден ден порано бидејќи секоја учебна година треба да има 180 работни денови, а февруари, бидејќи 2016 е престапна година, има 29 дена.

На зимски распуст во учебната 2015/2016 ќе заминат околу 270.000 ученици.