Ученици во Велика Британија користат сок од портокал за лажни „позитивни“ ковид тестови

Ученици открија дека со примена на сок од портокал на тест за Ковид-19 може да се добие лажен „позитивен“ резултат.

Феноменот кој го потврдија новинари од „Гардијан“ не значи дека сокот го содржи вирусот. Наместо тоа, се чини дека е поврзано со неговата киселост, што во суштина влијае на резултатот на тестот. Ефектот, наводно, е виден и со голем број други намирници и пијалоци, вклучувајќи кечап и „Кока-кола“.

Ова според некои наставници е одличен начин учениците да добијат две недели ослободување од училиште.

„Трикот“ беше прикажан и на Тик-Ток, со видеа на луѓе кои испробуваат различни течности. Досега има повеќе од 6,5 милиони прегледи на видеа прикачени на платформата под хаштагот #fakecovidtest („лажен ковид тест“).

Џон Дикс, професор по биостатистика на Универзитетот во Бирмингем, ја критикуваше ваквата практика.

„Лажните позитивни тестови влијаат не само на тоа дете, туку и на нивното семејство и на нивниот меур на училиште, затоа е прилично себична работа да се направи. Постојат помалку штетни начини да се лажира слободен ден “, рече тој.

Марк Лорч, професор по научна комуникација и хемија на Универзитетот во Хал, рече дека е можно да се забележи „лажен“ позитивен тест со негово миење со пуфер, раствор што ја враќа точната ПХ вредност. По овој процес, „позитивната“ линија во лажен тест исчезнува, откривајќи го негативниот резултат.