Професор во средното музичко училиште во грчкиот град Илио вербално нападна ученик бидејќи во училиштето се појавил облечен во здолниште, пренесува protothema.gr. Неговите соученици во знак на поддршка од вчера се појавуваат во училиштето облечени во спротивниот пол.
Според официјалните информации, професорот го здогледал ученикот во училишниот двор додека бил облечен во здолниште, по што му се доближил и го нарекол „Срамота за општеството“.
Оттогаш, на социјалните мрежи кружеа и фотографии од музичкото училиште во Илио со девојчињата облечени во панталони и вратоврски, а машките во здолништа со парола „Облеката нема пол“.
Раководството на Министерството за образование најави истрага за инцидентот.