Ученици од „Корчагин“ ќе донираат пакетчиња на детска Онкологија

Група ученици од втора година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ денеска ќе го посетат Одделот за онкологија на Детската клиника и ќе донираат пакетчиња.

Донацијата е дел од проектот што учениците го изработуваат во рамки на предметот Иновации и претприемништво под менторство на професорката Татјана Голчева.

„Во својство на млади идни претприемачи, нашата намера е добротворна и хумана, а целта на посетата е доделување новогодишни пакетчиња и подароци на заболените деца, вели за МИА Ева Наумовска, ученик во II-8 и дел од групата што ќе ги посети дечињата на Онкологија.