Триесет и пет ученици од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ кои учествуваа на Genius Olympiad во САД освоија 15 медали и 14 пофалници.
Тие освоија две златни, 5 сребрени и 8 бронзени медали.
Учениците од Македонија се напреваруваа во пет категории (наука, бизнис, уметност, роботика и пишување есеи) со ученици од 71 земја и 39 држави од САД. На натпреварот беа презентирани 1.187 проекти.