Ученички конкурс за ликовна творба „Чисти раце – Добро здравјe“

Драги ученици, родители и наставнициПо повод 15 Октомври, светскиот ден за миење на рацете, Министерството за образование и наука ги покани учениците од 1 до 5 одделение од сите основни училишта во Република Македонија, да учествуваат на јавниот повик за ликовна творба на тема „Чисти раце – Добро здравјe“.

Кандидатите-ученици имаат потполна слобода во креативното ликовно изразување кое можат да го насликаат на Блок А3 формат.

Творбите треба да се испраќаат на адресата на Министерството за здравство: 50 Дивизија, бр.14 Скопје, со назнака – Ликовна творба „Чисти раце-Добро здравје“, најдоцна до 15 ноември 2018 година.

Најдобрите трудови ќе бидат наградени, а од сите пристигнати ќе биде направена изложба на тема „Чисти раце-Добро здравје“.

Ги повикуваме сите ученици, родители и наставници да се вклучат во оваа кампања и заеднички да се едуцираме за здравјето и да создадеме здрави навики кај младите, велат од МОН.