Убисофт подарува една компјутерска игра на месец до крајот на годината

Во чест на триесеттиот роденден на компанијата за производство на видео игри, Убисофт подарува по една игра секој месец од сега, до декември 2016 година.

Се што корисниците треба да направат за да добијат бесплатна игра, е да ја спуштат преку Uplay профил.

Која игра се подарува во тековниот месец, ќе биде откриено тогаш, пренесува Mashable. За месец јуни, играта која се подарува е Prince of Persia: Sands of Time од 2003 година, која е веќе достапна за преземање.