Убиено момче во Ѓорче Петров, растат тензиите во населбата

Тензија и блокирани улици е вечерашната слика во населбата Ѓорче Петров откако попладнево беше убиен матурант од средното медицинско училиште. Гори кафеаната „Планета“ , има многу луѓе по улиците, расфрлени контејнери и исечени дрва, а дури и полицијата има потешкотии да пристапи на теренот, објави НОВА.

tenzii

Убиството се случило во близина на болницата Св. Лазар. Полицијата има приведно еден осомничен. До убиството, според првичните сознанија дошло откако сега веќе убиеното момче и неговиот татко забележале како крадец сака да украде велосипед од еден двор по што почнале да го бркаат. Откако синот го стигнал крадецот, крадецот со нож му нанел неколку убоди и го усмртил.

Повеќе информации за убиството се очекуваат во текот на утрешниот ден.