Убиен новинар од Гана кој истражувал случаи на поткуп во фудбал

Ахмед Хусеин Суале, новинар од Гана кој под прикриен идентитет истражувал корупција во фудбалските првенства од африканската држава, бил убиен движејќи се кон својот дом.

Локалните медиуми пренесуваат дека Суале бил убиен со три куршуми од неидентификувани лица на мотори во главниот град Акра.

Новинарот истражувал за корупцијата во фудбалот како член на детективска агенција, а негово истражување за примање поткуп довело до доживотна забрана од функција на поранешниот претседател на Фудбалската асоцијација на Гана.

Документарец за овој скандал бил изработен од Би-Би-Си Африка во 2018 година, а по неговото емитување членот на парламентот на Гана, Кенеди Агјапонг, објавил фотографии од Суале и повикал на одмазда против него.

„Доколку дојде овде, истепајте го. Што и да се случи, јас ќе платам“, вели Агјапонг во видео објавено на медиум во Гана.

Суали соработувал со Би-Би-Си на многу други истражувачки стории, како истрагата за продажба на човечки делови од тело за магични ритуали во Малави.

Насилството врз новинари во Гана е ретко, според Меѓународната федерација на новинарите последен пат новинар во земјата бил убиен во 2015 година. Во 2017 година вкупно 8 новинари биле убиени во Африка.