Убиен еден од најстарите слонови во Африка

Редок примерок на африкански слон стар 50 години е убиен со отровна стрела во Кенија, во близина на границата на националниот парк Цаво, каде живеел. Тој се смета за еден од најголемите и најстарите слонови во Африка, од кои има уште 30.

Сатао Втори е именуван по друг постар слон, кој исто беше убиен од страна на ловокрадци пред три години. И двата слонови се карактеризираат со долги коски кои можат да ја допре земјата.

Но, за да биде целиот случај побизарен, ловокрадците што го отруле слонот не успеале да стигнат до својот плен, бидејќи пред нив стигнале чуварите.

„Јас сум потресен. Овој слон беше многу достапен, еден од старите момци кои лесно може да се најдат. Другите многу повеќе се кријат. Тој помина многу, суши, а веројатно и други напади на ловокрадците”, вели Тропеа Молер, раководител на националниот парк.

Инцидентот се случи во јануари, но до завршување на истрагата, властите не сакаа да откријат детали. Откако безживотното тело на слонот било пронајдено, уапсени се две лица, а кај нив се откриени три пушки со 12 отровни стрели, како и „калашников”.

„Иако ова е многу тажна работа, постои позитивна страна. Телото на Сатао беше пронајдено пред тие да успеат да ја исечат слоновата коска и да заработат од неа на црниот пазар. Исто така, барем една банда на ловокрадци е разбиена”, се вели во официјалното соопштение од паркот.