„Убавините околу нас“ – дванаесетта самостојна изложба на Ванчо Јаков

Во изложбениот салон на АРТЕ Галерија во четврток (15 октомври) ќе биде отворена дванаесеттата самостојна изложба на истакнатиот академскиот сликар Ванчо Јаков.

Изложбата е насловена „Убавините околу нас“ и ќе претставува мини ретроспектива на ликовното творештво на авторот, каде ќе бидат претставени околу четириесеттина уметнички дела. Тематската определба е разновидна, но интересот за пејзажот е најголем, така што главна тема во делата на Јаков се македонските пејзажи, житните полиња, старите македонски градби.

Македонскиот ликовен уметник Ванчо Јаков е роден во 1964 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1987 година,  во класата на професорот Родољуб Анастасов.