Убавината на црквите во Долна Нормандија на изложба во Музејот на град Скопје

Францускиот институт во Скопје, заедно со здружението Македонида и Музејот на град Скопје, од 13-ти до 23-ти октомври организираат изложба на слики и фотографии од црквите во Долна Нормандија од 16-тиот до 20-тиот век.

Изложбата, насловена како „Божествена убавина!“, свечено ќе биде отворена од францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и кураторот на изложбата, Емануел Луис на 13-ти октомври во 19 часот во Музејот на град Скопје.

Како дел од изложбата, на 14-ти октомври во 12 часот, Луис ќе одржи предавање во Францускиот институт на тема „инвентар на црковните слики: научна соработка во служба на заштита и вреднување на помалку познатото културно наследство“.

Оваа изложба е реализирана во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Нормандија и Македонија од страна на здружението „Македонида“ и е дел од програмата „Есенски културни патеки“ на Францускиот институт во Скопје.