Максвел се изолираше од јавноста, а нејзината локација беше непозната откако минатата година Епстејн беше уапсен поради подведување и сексуална трговија.
Гизлејн Максвел, британската јавна личност и блиска пријателка на осудениот сексуален престапник Џефри Епстејн е уапсена од страна на ФБИ, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Според американските медиуми „таа била уапсена на источниот брег поради поврзаност со делата на Епстејн и се очекува да биде изнесена пред судот во текот на денешниот ден“.
Максвел избегнуваше да се појави во јавноста откако нејзиниот партнер беше осуден поради злоставување на девојки и жени во Менхетн и Флорида во периодот од 2002 и 2005 година. Потрагата по Максвел беше проследена со многу шпекулации, а јавноста и медиумите известуваа за нејзините појавувања низ САД и светот.
„Њујорк тајмс“ пренесува дека Максвел била уапсена во Њу Хемпшир.
Епстејн, кој се бранеше со невиност, се „самоуби“ во својата келија во Менхетн минатиот август.
Таткото на Максвел е баронот на британските медиуми Роберт Максвел. Гизлејн беше девојка на Епстејн и негова значајна придружба за време на забавите на високото друштво кое ги вклучувало богатите, влијателните и моќните луѓе во политиката, уметноста и науката.
Вирџинија Џифре, една од потенцијалните жртво на Епстејн, истакнала дека Максвел ја рекрутирала во кругот на Епстајн и додала дека тој ја присилувал на секс со него и неговите пријатели вклучувајќи го и британскиот принц Ендрју кои ги отфрли ваквите обвинувања.
И Максвел ги прогласи овие изјави за неточни. Како одговор на тоа, Џифре покрена тужба против Максвел во 2015 година.
Извор: Guardian