Уапсен средношколец поради навреда на турскиот претседател Ердоган

Шеснаесет годишен средношколец од Турција наводно е приведен поради навредување на претседателот Реџеп Тајп Ердоган и неговата партија за корупција.

Младото момче, кое беше идентификувано со иницијалите М.Е.А. беше уапсено вчера во гимназијата во централниот турски град Коња.

Момчето вчера држеше говор во централниот анатолиски град во Коња, бастион на конзервативната Партија за правда и развој на претседателот Ердоган, во знак на сеќавање на младиот секуларен учител кој беше убиен во 1930 година. Средношколецот се соочува со казна затвор од четири години ако биде осуден по обвинението.

Турската влада се соочи со бран протести во 2013 година кои беа против авторитарните и конзервативните политики на Ердоган кој во тој период беше премиер. Владата и бизнис групи кои беа блиски до партијата на Ердоган беа вмешани во корупциски скандал минатиот декември што повлече четири министри кои се соочија со обвиненија за мито.