Twitter планира да прави дронови контролирани со „твитови“

На мрежата за микроблогирање ѝ е одобрен патент за беспилотно летало управувано преку „лајковите“, „твитовите“ и одговорите на корисниците.

На компанијата со седиште во Сан Франциско минатата недела ѝ бил одобрен патент за дронот, кој ќе прави фотографии и видеа кои потоа ќе можат да се споделуваат на профилите на корисниците на Twitter. Движењата на дронот ќе бидат контролирани преку активностите кои корисниците ги прават на мрежата, а ќе можат и да одредат кои слики ќе бидат зачувани.

Иако нема официјално обраќање на компанијата во однос на изумот, портпарол на Twitter за CNBC дал изјава „Три збора: селфи со дрон“.

Компаниите како Amazon, Wallmart и Google исто така имаат интерес во создавањето на дронови, како начин да ја надминат конкуренцијата во брзата достава на пратки. Google планира да започне со достава со дронови до 2017 година, додека Amazon минатиот месец презентираше прототип потенок и попаметен дрон, кој на муштериите би им доставувал мали пакети за помалку од 30 минути.

Извор: CNET