„Twelve Moons of Jazz“ во Јавна соба

„Twelve Moons of Jazz“ е серија од 12 настани посветени на најдобрите џез состави од Македонија. Во организација на Digital.MillenniumArtistss скопската публиката секој месец ќе има можност да проследи по еден квалитетен џез концерт.

Честа да го отворат овој настан го имаат Fierce, најновото освежување на македонската џез сцена, состав кој носи нова енергија и се предвидува дека ќе биде еден од најдобрите македонски џез состави во периодот што следи. Fierce го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба).

ЏЕЗ СОСТАВОТ FIERCE ГО ПРОМОВИРАШЕ СВОЈОТ ПРВ АЛБУМ

Бендот го негува современиот (Contemporary jazz) џез призвук кој во моментот е интересен како за џез музичарите така и за слушателите. Fierce имаат настапувано на повеќе реномирани фестивали и настани во и надвор од државата со свој авторски материјал, од кој дел се наоѓа на нивниот албум објавен во ноември 2015та, а истиот ќе биде достапен на самиот настан.