ТweetsPie, апликацијата креирана од македонските твитерџии – прва на Droidcon Eastern Europe

ТweetsPie, андроид-апликацијата направена од тројца македонски твитерџии го освои првото место на годинешниот настан Droidcon Eastern Europe, кој се одржа во Романија.

ТweetsPie, апликацијата креирана од македонските твитерџии - прва на Droidcon Eastern Europe

Апликацијата е бесплатна, а името го доби затоа што ви  сервира парче од „највкусните”, поточно најретвитаните твитови од вашиот тајмлајн.

ТweetsPie - нова апликација креирана од македонските твитерџии

ТweetsPie дозволува да бидете во тек со најдобрите твитови на тајмлајнот и ја олеснува прегледноста. Така, дозволува да ги видите најретвитаните 21 твитови од последните 600 твитови, да ги ретвитате оние кои ви се допаѓаат, секој час да добивате апдејтувана листа, да ги сокриете корисниците чии твитови не сакате да се најдат на листата, како и да имате модерен виџет.

Апликацијата може бесплатно може да се симне од  овој линк, додека овде може да се добијат подетални информации за ТweetsPie.

Извор: On.net.mk