„Тврдокорните“ денеска повторно маршираат од Соборен храм до Собрание

„Тврдокорни“ денес од 17 часот повикуваат на протестен марш под мотото „Марш за аболиција на патриотите – Марш за будење на Македонскиот народ“.

Зборно место на маршош е Соборниот храм, а потоа преку Владата ќе заврши пред Собранието.

„Ајде сите заедно да се спротиставиме на неправдите кон Македонскиот народ кои континуирано се спроведуваат десетина години наназад, сите заедно да се спротиставиме на двојазичноста, да се спротиставиме на обидот во Македонија да се населат т.н мигранти, ајде да им ставиме до знаење на политичарите дека народот е тој кој одлучува за својата иднина, и дека народот нема да седи мирен додека некој се обидува да му го одземе и тоа малку што е останато и нераспродадено, да им покажеме дека и ние имаме гордост“, стои во повикот за маршот.