Твитер воведе групни директни пораки и сопствени видеа

Твитер денеска соопшти дека воведува две нови опции за корисниците на социјалната мрежа: групни директни пораки и снимање и прикачување сопствени видеа во траење од 30 секунди.

Првата опција, која ќе дозволи испраќање приватни пораки до повеќе корисници одеднаш беше долго барана од корисниците, а потегот на Твитер таа да се дозволи најверојатно е поврзан со растот на повеќе апликации за испраќање пораки како WhatsApp или Line. Со ова, твитерџиите ќе можат да испратат групна порака до повеќе свои следбеници, дури и ако тие не се следат меѓу себе.

Твитер воведе групни директни пораки и сопствени видеа

Тимот на Твитер уште пред неколку месеци најави дека ќе се воведе можност за снимање, прикачување и споделување сопствени видеа, со користење на копче директно во апликацијата, исто како што корисниците досега споделуваа фотографии. Траењето од 30 секунди е кусо, но сепак подолго од шесте секунди кои ги дозволува сервисот Vine, кој исто така е во сопственост на Твитер.