Твитер слави десетти роденден со анимиран инфографик на најпознатите твитови

И покрај подемите и падовите на компанијата, Твитер неделава слави десет години од постоењето. Компанијата го прослави достигнувањето со објавување на интерактивен графикон на најпознатите твитови и начинот и брзината со кои се ширеле.

„Како што почнува 21 март низ светот, секоја од нашите глобални канцеларии ќе го започне денот со покажување на благодарност, започнувајќи од Сиднеј и следејќи го сонцето до канцелариите во Сан Франциско“, пишува во блог-пост најавата на Твитер, објавена во неделата.

Некои од најголемите настани кои Твитер ги прикажува во интерактивниот графикон се повторниот избор на Барак Обама за претседател на САД, победата на Германија на Светскиот фудбалски куп во 2014, распадот на One Direction во 2015 и нападот на Бин Ладен во 2011.

Извор: Mashable