Твитер протест на жените во Ирска поради лошите антиабортус закони

Преку пишување пораки со хаштагот #repealthe8th во кои редовно го известуваат премиерот Енда Кени за својот менструален циклус, жените во Ирска протестираат поради лошите закони против абортусот. Протестот почна во понеделникот, кога на ирската комичарка Гвеин Мегвајар, брзо и се приклучија илјадници жени, приврзаници на кампањата за промена на важечките закони кои го забрануваат абортусот.

„Одлучивме, овие интимни детали за жените да ги поделиме со премиерот Кени, кога веќе државата Ирска толку многу се грижи за репродуктивните делови од женското тело“, ја објаснува Мегвајар женската кампања.

Ирките бараат владата да го смени контроверзниот осми амандман на Уставот на земјата, во кој се изедначени животот на фетусот со животот на жената. Ирска е единствена земја во ЕУ, каде абортирањето е илегална постапка и абортусот е дозволен само ако е серизоно загрозен животот на жената. Затоа жените од оваа држава, кога се соочуваат со несакана бременост, абортус извршуваат во странство, најчесто во Велика Британија или земјите на ЕУ.