Твитер промовира видеопренос во 360 степени со Перископ

Твитер им овозможи на своите корисници видео во 360 степени преку својата апликација за стриминг Перископ. Со ова компанијата го претрка Фејбук кој ја подготвуваше оваа функција за наредната година.

Интерактивното видео Твитер го промовираше вчера правејќи пренос од зајдисонцето во Флорида.

Засега оваа опција е достапна само за одредени корисници бидејќи се уште е во фаза на тестирање, но ваквите видеа може да ги гледа секој на Твитер и Перископ.

Видеата во живо со опцијата за 360 степени функционираат како и сите други вакви видеа, со тоа што им овозможуваат на гледачите да го променат аголот на гледање поместувајќи го нивниот мобилен телефон или вртејќи го екранот додека го гледаат преносот.

Перископ им ветува на корисниците дека ќе добијат „поглед од прв ред за ексклузивни настани, да патуваат на места низ светот и да се доближат до познати личности“.

На почетокот на овој месец, Фејсбук соопшти дека ќе лансира видео со 360 степени при пренос во живо на почетокот од 2017 година.

Но, Јутјуб е платформата која ги постави стандардите уште во ноември.