Твитер предупредува дека протекле приватни пораки поради безбедносен пропуст

Приватни пораки на Твитер, испратени од корисниците на Андроид апликацијата, може да бидат објавени јавно, предупреди компанијата. Твитер објави дека открил безбедносен пропуст што значел дека одредени „приватни“ твитови можат да станат јавни, откако корисниците направиле промени на подесувањата на профилот.

Секој кој ја ажурирал е-адресата врзана со Твитер, меѓу ноември 2014 и јануари 2019 година, би можел да има протечени твитови. Од Твитер соопштија и дека дека дозволиле засегнатите корисници да знаат за овој пропуст.

Додаваат дека повторно ја вклучиле заштитата за корисниците на Андроид, која ненамерно била исклучена.Од компанијата не можат да го потврдат точниот број на погодени корисници.

„Жал ни е за оваа случка и правиме целосен преглед за да не се случи повторно“, стои во соопштението.

Ги повикуваат своите корисици да ги проверат поставките за приватност, за да бидат сигурни дека се е во ред. Твитер соопшти дека го поправил пропустот на 14 јануари и доколку има нови информации ќе ги сподели со јавноста.

Безбедносниот пропуст не е забележан кај корисници кои на Твитер пристапувале преку Епл уреди.