Корисниците на Твитер кои немаат ставено фотографија на својот профил, автоматски за аватар имаат јајце. Поради тоа, јајцето стана синоним за луѓето кои имаат повеќе профили, создадени само за да малтретираат луѓе на интернет.
Откако се соочуваа со постојан притисок поради лошото однесување на некои од корисниците на веб страницата, Твитер решија да преземат нешто во однос на „јајцата“.
Новите опции кои беа најавени оваа недела ќе овозможат да се „исклучи“ (mute) било кој корисник кој нема запишано имејл или телефонски бро.
Исто така, може да се „стиши“ секој корисник кој го користи аватарот „јајце“.
Ова не е целосно блокирање, туку „стишување“ на троловите кои ги гледаат твитовите на корисникот доколку се јавни.
Вербалното насилство на Твитер не е реткост, а повеќе познати личности, меѓу кои и Лили Ален и Лесли Џонс се откажаа од платформата бидејќи добивале навреди и закани.