Твитер Надеж – хуманитарна акција на заедницата

Под мотото „Разиграј нечие срце“ Твитер Заедницата организира собирање гардероба (облека и обувки), играчки, книги и парични средства, кои ќе бидат наменети за домовите за деца без родители и социјално загрозените семејства.

Твитер Надеж - хуманитарна акција на заедницата

Се повикуваат сите хумани граѓани да донираат на пунктовите во:

– Општина Центар, на Улица „Македонија“
– Општина Аеродром, во Парк „Јане Сандански“
– Општина Карпош, во ТЦ „Лептокарија“ (кај коцка)

Акцијата ќе се одржи на 15 и 16 март, сабота и недела, од 10 до 17 часот и е поврзана со големата Твитер Крводарителска Акција закажана на 17 март во Даре Џамбаз, од 11 до 18 часот.

Пунктовите ќе бидат јасно обележани, се посочува во повикот за оваа Твитер акција.