Твитер кампања за донација за загрозените животни

Светскиот фонд за заштита на природата е во потрага по донации за помош на загрозените животни. Целта на оваа најнова кампања е преку испраќање на „твит“ со емотикон да се донира за организацијата.

17-те емотикони со ликови на животни, достапни за IOS и Android, ги претставуваат загрозените животни и со вклучување на кампањата на Светскиот фон на Твитер, може да се помогне со едноставно „твитање“ на тие емотикони, донирајќи 0.11 евра за секој од нив.

На крајот од месецот, Светскиот фонд за заштита на природата ќе ја испрати до корисникот вкупната сума и линкот на кој може да се донира. Не постои обврска да се донира во случај корисникот да се предомисли, но е интересен начин на донација.