Твитер ја воведува опцијата „Hide Tweet“ – за корисниците тоа е обид за цензура

Твитер подготвува опција која на корисниците ќе им овозможува да ја модерираат расправата под нивната објава. Станува збор за „Hide Tweet“, или опцијата за криење на твитовите на другите корисници кои коментирале.

Според Мишел Јасмин Хак, производствена менаџерка во Твитер, опцијата би придонела за создавање на поквалитетна расправа на профилите на корисниците.

Поточно, корисниците кои споделиле содржина ќе имаат шанса да ги скријат твитовите кои настанале како одговор на таа содржина.

Тоа ќе може да се направи преку опцијата „Hide Tweet“, која корисниците ќе може да ја искористат заедно со веќе постоечките како „Block“, „Mute“ и „Report“. Првите две се однесуваат само на корисникот што ја блокира содржината, додека третата опција може да се пријави единствено содржината која ги крши правилата на Твитер.

По најавата за опцијата, одредени корисници на Твитер го изразија своето незадоволство нагласувајќи дека таа потенцијално би можела да служи како средство за цензура на мислењата. Но, корисниците ќе можат и понатаму да ги гледаат скриените твитови преку посебно мени.

Јавното тестирање на опцијата ќе започне во следните месеци.