Твитер ја менува опцијата „favorite“ со „like“

Опцијата „favorite“ која беше карактеристична за Твитер се менува со „like“ во форма на срце, соопшти компанијата на својот блог.

Новата опција веќе функционира по истиот принцип како претходната, односно срцето ќе се појави на местото на некогашната ѕвезда, под објавата.

„Промената е со цел Твитер да биде поедноставен за користење“, изјави менаџерот Акаршан Кумар, кој смета дека ѕвездата била премногу збунувачка за новите корисници на социјалната мрежа.

Компaнијата веќе одреден период експериментираше со новата опција најпрво со Android,  а потоа и со iOS. Корисниците ќе можат на објавите што им се допаѓаат да стиснат „like“.