Твитер ги повика корисниците да ги сменат лозинките

Корисниците на Твитер се советуваат да ги сменат своите лозинки, препорача компанијата.

Оттаму вчера известија дека неодамна е откриен ткн. „баг” којшто ги чувал лозинките во незаштитена форма.

Иако нема индикации дека имало злоупотреба на лозинки, на корисниците им се препорачува да ги променат своите лозинки, посебно ако ја користеле и за други сервиси.

Твитер ги штити шифрите така што ги претвора во кодирана комбинација од цифри и букви, но овој „баг” довел до тоа лозинката да биде видлива пред да се процесира тоа „маскирање”.