Твитап и размена на книги овој четврток во Чаршија

Овој четврток (27 јуни) во Старата скопска чаршија ќе се одржи собир на Твитер-корисници на коj ќе се разменуваат книги.

„Почетокот на летото е повод за нова твитап дружба: во четврток, на 27 јуни во 20 часот, на фонтаната на платото пред црквата „Св. Спас“ во Старата скопска чаршија, веднаш до пивницата „Стар град“, ќе разменуваме книги што бадијала ни фаќаат прашина дома, а некого би можеле да го заинтересираат. Оставете каков-таков петочен ден позади себе и дојдете на опуштено вечерно дружење!  Ако расположението држи, Чаршијата не бега. Во меѓувреме, запомнете ги зборовите на Сервантес: „Не постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро во себе“, се вели во најавата на настанот, за кој е одреден хаштагот #razmenikniga.