ТВ шоу „Промоција на различности“

Клубот на млади на општина Шуто Оризари, кој работи во рамките на Црвениот крст,  организира ПХВ Шоу на тема „Промоција на различности“. Премиерата на настанот е закажана во петок (27 септември) во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија.

Целта на Шоуто е да се претстават различностите од секој клуб на Црвен крст изразени преку културата, јазикот, но и преку танцот.

Како што соопштуваат од Клубот на млади, билетите имаат симболична цена од 30 ден, а собраните средства од сите клубови ќе бидат донирани.

ТВ шоу „Промоција на различности“