ТВ премиера на „Медена земја“ во сабота, реприза во недела

Во сабота, со почеток од 19:20 на ТВ Телма премиерно ќе се прикажува македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој годинава беше номиниран за два Оскари и е добитник на бројни светски признанија и награди.

Оние кои ќе ја пропуштат телевизиската премиера, ќе може да го погледнат документарниот филм репризно во недела.

За време на претстојниот продолжен полициски час, кој ќе започне од петок попладне, а ќе трае до вторник наутро, телевизијата најави дека ќе се емитуваат современи домашни филмски остварувања.

Па така, во петок ќе се емитува филмот „Соба со пијано“ на Игор Иванов-Изи, а во недела „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, додека во понеделник, филмскиот маратон завршува со „Џган“ на Вардан Тозија“.